Загина новинар во сообраќајка во Бугарија, двајца негови колеги во тешка состојба

0
564

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово кај бугарскиот град Ловеч, животот го загуби еден новинар од бугарската новинска агенција БГНЕС, а двајца негови колеги се во болница и состојбата им е тешка, јавуваат бугарските медиуми.

Поради несреќата, агенцијата денеска нема да објавува вести.

Сообраќајката се случила на патот Софија – Варна на крстосница близу градот Ловеч. Се судриле два автомобила – во едниот биле тројца новинари, кои биле повредени и веднаш пренесени во болницата во Ловеч, но за жал еден таму починал, а другите двајца се во тешка состојба. Возачот на другиот автомобил бил полесно повреден.

Без коментари

LEAVE A REPLY