Загина петгодишно дете на патот Прилеп-Градско

0
842

Петгодишно дете загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 15 часот на магистралниот пат Прилеп-Градско.

– Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото марка „Форд фиеста” излетало од патот. Девојчето починало на лице место, а таткото и бабата завршиле во кавадаречката болница. Дедото е исто така повреден и не е во животна опасност. Најверојатно има скршеница, во шок е и одбива помош, информираа од Брзата помош.

Надлежен јавен обвинител во моментов врши увид на лице место. По завршување на увидот ќе бидат објавени дополнителни информации.