Загина пожарникар гаснејќи го запалениот авион во Дубаи

0
354

Еден пожарникар загина при гасење на запалениот авион на аеродромот во Дубаи. Авион на авиокомпанијата „Емирејтс ерлајнс“ имал проблеми при слетувањето на меѓународниот аеродром во Дубаи. Авионот испуштал црн чад што предизвикало запирање на сообраќајот на аеродромот. Од авиокомпанијата денеска соопштија дека нема жртви и дека сите патници и членови на екипажот се безбедни. Авионот летал од Индија кон Дубаи и превезувал 300 луѓе. Засега не е позната причината за несреќата.