Загина прилепчанец на патот Прилеп – Кривогаштани

0
353

24 годишник од Прилеп загина утрово на патот Прилеп – Кривогаштани, кај селото Врбјани, откако со своето возило излетал од патот во нива.

Се претпоставува дека лицето со своето возило „рено меган“ ја изгубил контролата и излетал во поплавена нива.

Полицијата морала да интервенира со пајак службата за да го извадат возилото.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а од обдукцијата ќе се утврди дали момчето загина од силниот удар или се удавил во нивата со вода.