Загина шестгодишно дете при несреќен случај во лифт

0
1507

Несреќен случај се случил нешто пред пладне во станбена зграда на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Куманово, при кој загина шестгодишно момче.

Според информациите од МВР, немилиот настан се случил откако детето било потфатено од лифтот. При несреќата детето имало и повреди на главата, при што починало на лице место.

На местото на несреќата денеска уште од пладне беа ангажирани екипи на локалната пожарна и Итната помош, а увид вршеа СВР Куманово и Јавното обвинителство.

Телото на детето е предадено на обдукција.