Загина велосипедист во тешка сообраќајка кај Кичево

0
239

Насуф Н. (74) загина претпладнево во тешката сообраќајка што денеска околу 11 часот се случи на крстосницата помеѓу улицата Маршал Тито и регионалниот пат Кичево –Македонски Брод.

Насуф се движел по регионалниот пат со велосипед и кога се обидел да го премине патот на него налетало возило „цитроен берлинго“ со кичевски регистерски ознаки.