Загинаа 17 луѓе во пожар во старечки дом крај Киев

0
400

Најмалку 17 луѓе загинаа, а едно лице се води за исчезнато, откако изби пожар во станбена зграда во село во близина на Киев, соопшти службата за вонредни состојби на Украина.

 Во соопштението се наведува дека пожарот избил рано утрово во приватна двокатна зграда во која привремено се сместени 35 постари лица во селото Литоки, 37 километри североисточно од украинската престолнина.

„Припадниците на службите за вонредни ситуации спасиле 18 лица, од кои пет се здобиле со изгореници од различен степен, по што се пренесени во болница„, се додава во соопштението.

Пожарот е локализиран во 5.25 часот по локално време./крај/со/бб