Загинаа 22 лица во пожар во болница!

0
454

Најмалку 22 лица загинале во пожар кој ја зафатил болницата за неуролошки болести во рускиот град Воронјеж.

Повеќе од 70 луѓе се наоѓале во болницата откако зградата доцна синоќа ја зафатил пожар. Пожарникарите повеќе од 4 часа се бореле во огнената стихија, а во еден момент се срушил и кровот на болницата.

Поголем број од пацинентите биле неподвижни или слабо подвижни, па тоа ја отежнувало акцијата  на пожарникарите за спасување на луѓето.

Огнената стихија доцна ноќта е изгасена, а истрагата ќе утврди што ја предизвикало оваа трагедија.