Загинаа киднапираните српски службеници во американските напади во Либија

0
434

Двајцата службеници во српската амбасада во Либија, кои беа киднапирани пред три месеци, загинаа во американските воздушни напади врз позициите на Исламска држава во либискиот град Сабрата. Српскиот премиер, Александар вучиќ потврди дека двајцата киднапирани, СлаѓанаСтанковиќ, шефицата за комуникации и нејзиниот возач Јовица Степиќ се убиени денеска.

На прес конференција во Белград, Вуќиќ рече дека ќе инсистира да добие одговор од Соединетите држави дали знаеле дека на местото кое го бомбардирале, се наоѓале и државјани на други земји.  Тој истакна дека овој случај беше прва голема заложничка криза за Србија и дека киднапираните службеници ќе беа ослободени, доколку не загинеа во американското бомбардирање.

Двајцата службеници во српската амбасада во Либија беа киднапирани во ноември, кога од амбасадата во Триполи со возило тргнале кон Тунис.