Загинати и повредени во експлозии во Тајланд

0
609

Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени откако две бомби експлодираа во тајландското одморалиште Хуа Хин.

Според локалните медиуми при експлозиите повредени се осум странски туриусти, но не се соопштува нивната националност.

Според еден очевидец, во првата експлозија, која била посилна, загинала една жена.

Експлозивните направи биле скриени во саксии за цвеќиња во близина на кафуле и биле активирани со мобилен телефон.