Заглавени и ДИК и медиумите

0
359

Медиумите и денеска нема да бидат на агендата на работната група за имплементација на Договорот од Пржино, туку повторно приоритет се дава на избор на новиот состав на Државната изборна комисија кој заглави бидејќи партиите не може да се договорат за тоа кои ќе бидат експерти. На јавниот конкурс се пријавиле четириесетина кандидати, но ниту еден сега засега не е прифатлив за сите политички партии.

Според неофицијалните информации засега отпаднале кандидатите што немале искуство со избори и изборните процеси, бидејќи тоа е услов предвиден со Изборнот законик, а за другите треба да се направи ранг листа според методологијата што ја предложил посредникот Питер Ван Хауте. Дали во тоа ќе се успее на денешниот состанок кој почнува на пладне во Клубот на пратеници засега е неизвесно. Според неофицијалните информации, одредени кандидати и покрај добрите референци што ги имале не биле прифатливи затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги смета за блиски до СДСМ, а тоа го правда со образложение дека тие кандидати работеле на исти проекти со членови на опозицијата.