Заглави ад хок телото за медиуми

0
362

Членовите на привременото ад хок тело за следење на работата на медиумите за време на изборите, не постигнаа договор за избор на петтиот член, а средбите ќе продолжат од понеделник.

Четворицата членови не успеаја да постигнат консензус, иако рокот за изборот на петтиот член, кој треба да биде Албанец, истече во средата.

Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторна средба да имаат в понеделник.

Рокот за формирањето на ова привремено тело истече во средата. Ад хок телото мора целосно да се формира до вторник, за в среда, на 31 август, лидерите на четирите најголеми политички партии да можат да одржат лидерска средба, на која треба да се одреди датумот за избори.