Закана со бомба на аеродромот во Франкфурт

0
358

Се евакуираат патниците од терминалот 1 на аеродромот во Франкфурт, Германија.

Според дел од германските медиуми, причината за евакуација е сигнал за бомба. На звучници се предупредени сите присутни да ги напуштат првото и второто ниво на терминалите.

Неколку излези се затворени. Малку подоцна од администрацијата на аеродромот прецизирале дека станува збор за маж кој е преминал зоната на безбедност без да биде проверен.

Аеродромот во Франкфурт е четвртиот по големина во Европа.

Без коментари

LEAVE A REPLY