Закажана седница на Собранието за оставката на Груевски

0
309

 

 

За во 17 часот е закажана итна седница на Собранието со единствена точка на дневен ред, констатирање на ковертираната оставка на Никола Груевски од премиерската функција.

Премерот Груевски на 14 јануари јавно објави дека ќе ја депонира својата оставка која ќе биде ефективна во зависност од денот на одржување на изборите.

На 15 јануари претседателот на Собранието на Р. Македонија, Трајко Вељановски преку соопштение ја информираше јавноста дека тој ја примил и дека ќе постапува во согласност со уставните, законските и деловничките права и обврски.