Закажанa седницата за прислушувањето преку операторите

0
296

Уставниот суд закажа седница на 21 јуни на која ќе се разгледува иницијативата за утврдување на уставноста на законските одредби со кои се овозможува прислушување преку телекомуникациските оператори за потребите на државните служби.

Според членот 175 од Законот за електронски комуникации, на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи“.

Иницијативата за уставноста на овој член беше поднесена во 2015 година, тогаш кога СДСМ почна да ги објавува прислушуваните материјали.

На седницата на Уставен ќе се расправа и за Одлуката за распуштање на Собранието во 2016 година и Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието, како и член од Колективниот договор на Министерст­вото за внатрешни работи.