Закажано е судење за случајот „Поткуп“

0
270

Во Основнит суд Скопје 1 за во 10 часот е закажано рочиште за случајот „Поткуп“ во којшто е обвинет лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Овој случај се уште не е почнат, во март се одложи поради неприсуство на адвокатите на Заев и судењето беше презакажано за на 21 април. Ова рочиште не се одржа бидејќи тогаш се уште на сила беше одлуката за аболиција на претседателот, Ѓорге Иванов кој го помилува и Заев. Со повлекувањето на аболицијата, судењето е закажано за во четврток, а судијка во овој случај е Дијана Груевска-Илиевска.

На минатото рочиште во судницата присутен беше и струмичкиот бизнисмен, Иван Николов – Сачевалиев, од кој Заев наводно барал поткуп.

Заев за овој случај тврди дека е „наместен“ и обвини дека бил прислушуван неовластено пет години.