Законите од Пржино денеска на паузата од пратеничките прашања

0
312

Законите што произлегуваат од последниот анекс на пржинскиот договор  влегоа во собраниска процедура.

Тие се потпишани од координаторите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, додека во името  на пратеничката група на ДУИ ги потпиша преговарачот Артан Груби, а во името на ДПА пратеникот Беким Фазлиу.

Законите за МВР, Влада, медиуми, изборниот законик и за кривична постапка се по скратена постапка

Според собраниски извори велат дека  за денеска во 14:30 часот, на паузата од седницата за пратенички прашања,  собранискиот спикер Трајко Вељаноски ќе закаже седница, по што ќе следат комисиските расправи, а вечер ќе се гласаат законите.