Законот за јазиците оди во Собрание

0
377

Владата синоќа го усвои текстот на Законот за употреба на јазиците кој произлегува од усогласувањето на националната програма за усвојување на правото на Европската Унија. Според соопштението од седницата со која претседаваше вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска,  откако законот ќе биде усвоен во Собранието, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави законот и отворените прашања кои кои не се дел од овој закон, до Венецијанската комисија и ќе побара мислење за пакетот законски решенија.

Вицепремиерот и министер за евроинтеграции Бујар Османи усвојувањето на текстот на овој закон го најави на својот фејсбук профил со статус на англиски „Фала, Али Ахмети“, а на постираната фотографија од седницата на албански напиша дека предлог законот поминал и дека е со знаменце на Европската унија, што значи дека станува збор за приоритетен закон кој треба да се донесе со скратена постапка, и дека дека со ова практично сме на чекор до затворање на едно од главните прашања од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Без коментари