Заладување, врнежи од дожд и снег

0
993

Нема уште долго да трае овој прилично долготраен топол ноемвриски период. Згора на се, од почетокот на месецов не падна ниту „капка дожд“. Но, работите ќе почнат да се менуваат во текот на претстојниот викенд.

Антициклонот кој што го обезбеди топлото и суво време, конечно ќе попушти пред силата на широко и длабоко циклонско поле кое ќе се наоѓа со центар некаде над Скандинавија.

Првиот бран на врнежи низ централна Европа се очекува уште во петок, но истиот кусо време ќе биде блокиран од алпскиот масив. Токму ова блокирање ќе биде одговорно за создавањето на поволни услови за формирање на прилично изразено циклонско поле на северот на Италија. Овој циклон ќе го донесе и првиот ноемвриски дожд годинава во земјава.