Заложничка драма во Франција, неколку лица се ранети

0
607

 

 

Група вооружени лица вечерва задржаа неколкумина заложници во северниот француски град Рубе, во близина на границата со Белгија.

– Во тек е операција за ослободување на зложниците, соопшти извор од француксата полиција.

Тој нагласи дека пред отпочнувањето на заложничката криза од реонот се слушнале истрели.

Според истиот полициски извор, заложниците најверојатно се директор на една локална банка и неговото семејство.

Француските медиуми јавија дека реонот во кој воожружените лица ги држат заложниците е блокиран од страна на полицијата и дека на самото место пристигнале медицински и противпожарни возила.

Засега не е познато дали овој инцидент е поврзан со нападите во Париз од 13 ноември