Заложничка драма во хотел во Мали, најмалку тројца загинати

0
374

Неколкумина вооружени џихадисти влегле во луксузен хотел во Мали пукајќи во холот при што најмалку тројца луѓе биле убиени. Според непотврдени информации се работи за десетина напаѓачи кои во хотелот пристигнале со дипломатски возила.При влегувањето терористите извикале “Алху акбар“ и почнале да пукаат. Во моментот на нападот во хотелот се наоѓале 170 луѓе – 140 гости и 30 вработени, а тие сега  се дел од заложничката драма која се уште трае. Според неофицијални информации, дел од заложниците, особено оние кои знаеле делови од куранот, биле ослободени.

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот врз хотелот, кој важи за место каде најчесто одседнуваат странци кои работат во Мали.