Заложничка криза во централна Англија

0
288

Британската полиција соопшти дека „во тек е инцидент“ во забавен парк во Нанитон, централна Англија, а граѓаните ги предупреди да избегнуваат движење во тој дел од градот, додека медиумите и очевидци наведуваат дека се рзботи за заложничка криза.

Според британските медиуми, вооружен маж држи неколку лица за заложници во сала за куглање во трговски комплекс, во кој имало и кино, фитнес сала, продавници и ресторани.

„Дејли мејл“ јави дека има двајца заложници.

Полицијата информацијата ја обајви на Твитер и ги повика грѓаните да ја избегнуваат областа.

На местото на инцидентот пристигнале неколку амбулатни возила и еден хеликоптер на Брза помош.

http://a1on.mk