Заменик министерот за образование даде оставка, се кандидира за локалните избори

0
343

Шефот на изборниот штаб на Демократската унија за интеграција Бујар Османи и партискиот кандидат за градоначалник за Општина Чаир, Висар Ганиу денеска на плоштадот “Скендербег”, две недели пред почетокот на кампањата за локалните избори, информира дека за да се направи одвојување на партијата од државата, досегашниот заменик министер за образование, поднесе оставка на функцијата, јави А1он.

Вицепремиерот Османи изјави дека за да ги заврши полесно партиските обврски за изборите планира да земе годишен одмор. Во оовј период исклучок ќе бидат неопходните ангажмани во Секретаријатот за европски прашања.

Тој изјави дека овие избори се многу важни бијдеќи граѓаните ќе избираат преставници на локалната власт, кои во текот на следните четири години ќе се соочуваат со потребите и секојдневните предизвици на граѓаните и ќе ги решаваат прашањата што се приоритетни за нив.