Заменик-претседателката на шведскиот парламент во посета на Македонија

0
324

Заменик-претседателката на Риксдагот (Парламент) на Кралството Шведска, Изабел Дингисан, денеска со делегација ќе престојува во посета на Македонија.

За време на посетата, Дингисан ќе има средби со потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, со пратеничката група за соработка со парламентот на Шведска, како и со претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и на мажите, Даниела Рангелова.

Заменик-претседателката на шведскиот парламент ќе има свое обраќање во рамките на јавната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и на мажите.