Заменикот министер за земјоделство Николовски поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Србиновски

0
552

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Србиновски денеска доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања од Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Врз основа на основаните сомневања за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски, денеска до јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како дополнителен заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесов кривична пријава заедно со сите докази што беа презентирани“, изјави Николовски.

Без коментари

LEAVE A REPLY