Занаетчиите го прославија Св. Спиридон

0
379

Занаетчии и стопанственици од Битола по триесет и четврти пат се собраа на одбележувањето на патронот на еснафот – Свети Спиридон Чудотворец.

Современото производство ги потиснува занаетите кои тешко наоѓаат начин за прилагодување, вели градоначалникот Владимир Талески. Општина Битола ветува помош за враќање на сјајот на старите занаети, но очекува и иницијативи од самите занаетчии.

Кум на прославата на Свети Спиридон наредната година ќе биде електро – механичарот Ромео Бошевски.