Западот од кусурот гради училишта и градинки. Што правиме ние?

0
635

Цените кои завршуваат со 99 до пред некоја година ги гледавме само на филмови. Сега ги имаме и на полиците во продавниците. Скоро и да нема призвод кој чини само 99, 199, 299… денари, а дамите со милозвучни гласови од телевизиските реклами постојано не потсетуваат дека ова или она можеме да го имаме за само 1199, или 2199 денари. Значи ние сме во чекор со светот. Ама љубопитни какви што сме прочепкавме зошто некој би ставил таква комплицирана цена на некој производ. И откривме. Сето тоа бил одличен маркетингшки трик кој го смислиле психолози. Ваквите цени всушност се „чепкање низ главата“ на купувачите кои научно докажано обрнуваат внимание само на левиот дел од цената, а остатокот го занемаруваат, па производот го оценуваат како ефтин. Така човек порадо купува производ кој чини 199 денари отколку оној кој чини 200 иако вториот е поскап само 1 денар. И, ова е само една половина од приказната. Вториот трик, е во тоа што повторно научно докажано купувачот во најголем дел од случаите се откажува од вака мал кусур. Тоа го потврија и нашите сограѓани.

„Се откажувам од кусурот кој е еден-два денари“- ова е најчестиот одговор на граѓаните кои ги анкетиравме.

Но, ова не е само наивна приказна од еден или два денари. Истражувања во ЕУ, покажале дека продавачите, од вака дизајнираните цени и дарежливите купувачи кои не сакаат кусур, месечно заработуваат и до 25000 евра екстра неоданочен профит во Германија, и 250000 евра во Хрватска. Свесни за ваквиот фискален проблем кој така безопасно се третирал, Германците донеле закон со кој и овој приход на продавачите се регистрира и се собира во државен фонд. После првата година од формирањето на овој фонд, резултатите биле изненадувачки. Имало доволно пари за изградба на цело едно средно училиште и една градинка. Оттогаш во Германија се изградени и реновирани стотици училишта, градинки и старски домови од овој фонд.
Поучени од ваквото германско искуство, хрватите на чело со нивната евро-пратеничка Билјана Борзан, веќе подготвиле законска иницијатива во која ќе се обврзат продавачите своите производи да ги продаваат по заокружени цени, во прво време, за потоа целосно да се имплементира гермаското решение и, и Хрватска да има јавна корист од ваквите скриени приходи.

Во ЕУ од кусурот се прават згради, што ќе правиме ние?

Без коментари

LEAVE A REPLY