Запалена една од палмите во Прилеп

0
162

Една од палмите што неодамна беа засадени пред општинската зграда во Прилеп, синоќа беше запалена. Според фотографијата што протече на социјалните мрежи, се гледа како гори палма во во паркот „Методија Андонов – Ченто“.

Палмата најверојатно била запалена за време на полноќните забави, кои се одвиваат по завршувањето на официјалната програма на „Пивофест“, на бината на плоштадот Александрија, што се наоѓа во непосредна близина на Општината.

www.mkd.mk