Запалена влезната врата на куќа на битолчанец

0
921

Рано утрово битолчанец во полицијата пријавил дека била опожарена влезна врата на куќа.

Според полицијат  во 1.40 часот во битолската полиција, Н.П. (27) од Битола пријавил дека околу 1.35 часот пред влезната врата од куќата на Ц.П. на ул. „Панде Илковски“ настанал пожар при што изгорела влезната врата и гумена подлога која се наоѓала на прагот пред вратата.

Пожарот бил изгаснат од страна на Б.П. и Б.П. Увид извршила екипа од битолската полиција и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.