Запалени 11 автомобили во Куманово

0
2324

Kумановската полиција приведе еден осомничен за подметнатите пожари на 11 возила на разни локации во градот.

Приведениот и е познат на полицијата бидејќи и претходно вршел кривични дела. Од запалените 11 возила , две се на полициски службеници. На улица „Пионерска“ се запалени 4 возила, 4 на „Димитрије Туцовиќ“, 2 на „11 Октомври“ во кругот на болницата и едно на улица „Гоце Делчев“ пред хотел „Кристал“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, и се прегледуваат снимки од видео надзорот за да се види дали лицето било само или имало уште некој. Мотивите за опожарувањето на возилата допрва ќе се утврдуваат.

Десет од запалените возила им припаѓаат на граѓани на Куманово, а еден од сопствениците е од Кратово.