Запалени уште две палми во Прилеп

0
841

Синоќа околу 3 часот по полноќ, две нови плами беа запалени во центарот на Прилеп.

Во екот на полноќните забави кои се одвиваат на камената бина во Прилеп, во рамките на овогодинешниот пивофест, синоќа беа  запалени две нови палми, засадени во паркот пред општинската зграда.

Ова е втор пат да се палат палмите во прилеп, после завчерашниот инцидент, кога за време на концертот на Прљаво Казалиште беше запалена уште една од палмите кои неодамна беа поставени во центарот на градот.

10bez10.com