Запалено возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп

0
132

Ноќеска околу 3.30 часот беше запалено возилото на поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, доктор Сашо Пирганоски.

Возилото марка „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред семејната куќа на Пирганоски, целосно е уништено.

На местото на настанот излезе увидна екипа на Полициската станица од општа надлежност Прилеп, додека возилото на територијалната противпожарна единица пристигна дури 30 минути после пријавувањето на пожарот.

Детали околу мотивите и можните извршители не се соопштени.