Запленети над половина тон марихуана

0
195

Грчката полиција во две одвоени акции заплени над половина тон марихуана произведена во Албанија, јави дописникот на МИА.

Во првата акција, полицијата разбила криминална група која шверцувала дрога од Албанија, при што запленила 370 килограми марихуана и уапсила шест грчки и еден албански државјанин.

Полициската акција е спроведена во неколку делови на Атина, како и на островите Родос и Кос.