Започна аџилакот во Мека

0
387

Над 100.000 членови на саудискате сили за безбедност  од денеска ќе работат за заштита на верниците кои ќе учествуваат во овогодинешното поклонение во Мека, каде се очекуваат околу два милиони аџии.

Нема конкретни закани за аџилакот во Мека.

Претставникот на саудиското Министерство за внатрешни работи Мансур Турки наведе дека, силите за безбедност разбиле неколку терористички групи во Мека и Медина во текот на последните неколку години.

– Мерките за безбедност се засилени и на влезовите на Мека, Медина, на другите свети места во земјата, како и на леталиштата и пристаништата, додаде Турку.

На аџилакот во 2015 година загинаа 2.300 лица.

Без коментари