Започна асфалтирањето и тампонирањето на улици и патишта во Општина Новаци

0
359

На почетокот на овој месец започна акцијата за асфалтирањето и тампонирањето на улици и патишта на територијата на Општина Новаци. Годинава според Програмата која е донесена на Совет е планирано со средства од буџетот да се асфалтираат и тампонираат локални патишта и улици во должина од 2,5 км.

Годинава започнавме на почетокот на ноември а планираме до крајот на овој месец да завршиме со асфалтирањето и тампонирањето на предвиденото согласно програмата. Ќе се асфалтира во Далбеговци, Горно и Долно Агларци, Новаци, Гнеотино, Брод, Гермијан, Живојно и друго. Годинава од Буџетот на општината одвојуваме за таа намена 15,3 милиони денари. Тампонирањето ќе се врши на патишта каде не е предвидено асфалтирање и онаму каде што има потреба. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Покрај со средства од општината, ќе се асфалтира и со средства од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ.