Започна бербата на боровинки

0
2660
Бербата на боровинката во Националниот парк Пелистер започна 05 август 2015 godina и ќе трае до 30 септември, зависно од вегетациската зрелост на боровинката. Затоа од Националниот парк ги информираат граѓаните да берат само зрела боровинката, а не и онаа која е се уште зелена.
-Во откупот на боровинката ќе бидат вклучени само претпријатијата, кои се јавија на јавниот повик, и кои потпишаа  договор со националниот парк. Се очекува оваа година да бидат собрани околу 200 тона, пелистерска – еколошки чиста боровинка.
Од Управата на паркот очекуваат дека собирачите на боровинка оваа година ќе покажат многу поголема совест на теренот и нема да оставаат отпадоци зад себе, како во минатите години. Таквата совест е неопходна затоа што и покрај  деталното чистење на теренот од службите ан Паркот, по сезоната за собирање боровинки остануваат отпадоци кои го нагрдува ликот и впечатокот за Националниот парк, вели Пеце Цветановски, НП Пелистер.CVETANOVSKI
Од друга страна, јавната установа национален парк Пелистер е свесна дека треба да биде задоволен и социјалниот аспект за оние лица кои немаат можност да заработаат средства за живот на друг начин, па се овозможува масовна берба на боровинката, но само за оние лица кои имаат извадено легитимација и обезбедено маркица за 2015 година.  Легитимации и маркици можат да се набават во дирекцијата на Паркот.