Започна борбата со комарците

0
159

Центарот за јавно здравје од Битола ќе започне со првата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарците на подрачјата на трите општини, Општина Битола, Општина Новаци и Општина Могила. Дезинсекцијата се врши согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на одлуките на Советите на општините за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Новаци како општа противепидемиска мерка. Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

MAJA_KOMARCI_2.jpg

Во Општина Новаци теристичката дезинсекција ќе се спроведува на 25 и 26 јуни, а запрашувањето ќе се врши од 19:00 до 06:00 часот.

Во Општина Могила дезинсекцијата ќе се спроведува исто така на 25 и 26 јуни, а запрашувањето ќе се врши од 19:00 до 02:00 часот.

Во Општина Битола екипите на центарот ќе ја спроведуваат првата фаза од дезинсекцијата од 25 до 30 јуни во периодот од 19:00 до 06:00 часот.

Запрашувањето ќе се врши со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.

MAJA_KOMARCI_3.jpg

Во Општина Новаци со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Новаци, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во Општина Могила со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во Општина Битола со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со планот и програмата доставени до Општина Битола.

Оваа година од Центарот најавуваат дека на ова подрачје ќе се врши и авиотретирање.