Започна екстерното тестирање во Битола

0
1101

Точно во 9 часот и 30 минути денес започна екстерното тестирање . Така беше и во гимназијата Јосип Броз Тито во Битола . Учениците седнати пред комјутерот се чекаше само да го внесат своето име и презиме во програмата и да започнат со решавање на тестот. Од набљудувачите и тестаторите ги чекаа последните инструкции

-Точно во 9.30 минути започна екстерното тестирање во нашето училиште, каде што ќе бидат тестирани 297 ученици, изјави Кире Печалев директор на Гимназијата Јосип Броз Тито во Битола

Во цела држава од денес до 11 јуни ќе се спроведува екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија. Ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети, соопшти Државниот испитен центар. ДИЦ претходно го објави базенот со прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето.Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици на 17 јуни.

Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 година со цел да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците.