Започна евакуацијата на мигрантите од „Џунглата“ во Кале

0
295

Во понеделникот, околу 8 часот, на портата која дава пристап до транзитниот центар кој беше поставен во Кале за да се организира евакуацијата на „џунглата” чекаа околу 500 мигранти, со сите нивни лични предмети покрај нив. Најголемиот број од нив се од Судан. Шеесет автобуси треба да ги однесат во текот на денот до одредени мали центри за прием ширум Франција.

Десетина комбиња на полициските сили и неколку возила се ангажирани, кои го носеа потребниот материјал за операцијата. Оваа огромна евакуација е претставена како „хуманитарна” од страна на владата. Со тоа, треба да се стави крај на најголемата сиромашна дива населба Франција, подигната пред 18 месеци, а во која живеат бегалци претежно од Авганистан, Судан и Еритреја, со сон да го преминат каналот Ла Манш и да пристигнат во Велика Британија.

Вчера, властите го интензивираа делењето на информации со дистрибуција на летоци и објаснување. Операцијата предвидува секој мигрант поединечно да биде сослушан на разговор, и според нивната лична ситуација. неженетите луѓе, семејства и ранливите лица како децата и жените ќе бидат поделени меѓу 12 француски региони (со исклучок на Корзика). „Вистинска автобуската станица” беше поставена за да се обезбеди непречено функционирање на евакуацијата. „Ако може да се ориентираат 2000 до 2500 лица во понеделников се ќе биде во ред”, изјави Дидие Лечи, извршен директор на ОФИИ (француската канцеларијата за имиграција и интеграција).