Започна исплатата на субвенциите за земјоделците

0
860

Министерството за финансии исплатило 463 млиони денари (7.528.455 евра) субвенции за земјоделците за 2015 година и 364 милиони денари (5.918.699 евра), за дел од 2016 година, соопштуваат оттаму.

„Целосно се намирени обврските за субвенции заклучно со 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и за рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари (5.918.699 евра) субвенции за 2016 година за млеко и за оризова арпа“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека Министерството почнало со исплатата веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во „Службен весник“ со која ги отстранува законските пречки за исплата.