Започна изградбата на цевковод за наводнување во Новаци

0
291

Во Новаци денеска започна изградбата и спроведувањето на цевковод од систем за наводнување кој со вода ќе се снабдува од Суводолското езеро. Во првата фаза со јужниот крак од цевководот е предвидено да бидат опфатени околу 600 хектари, додека со северниот крак опфатот на целата површина за наводнување треба да биде заокружен на околу 2.000 хектари.

 

Земјоделците од новиот цевковод очекуваат голем бенефит во пелагониското земјоделие.

 

Целиот проект за цевководот треба да биде завршен до 2018 година.