Започна јубилејното 45-то издание на фестивалот Илинденски денови

0
172

Јубилјеното 45- то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кое оваа година се одржува од 28-ми јули до 1-ви август, свечено беше отворено во Битола.

Традиционално и оваа година на фестивалот му претходеше дефилето по Широк Сокак, на кое во народни носии се претставиja неколку стотици фолклористи.

Фестивалот и оваа година го отвори КУД. Илинден Битола, со изведба на комитското.

Во името на градот домаќин, учесниците на фестивалот ги поздрави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, а во името на организаторот, Центарот за култура-Битола, пригодно обраќање имаше директорот на таа установа Борче Димитровски, и притоа и двајцата ја потврдија поддршката на идејата на основоположниците на фестивалот која датира од1971 година.

Настапите на групите и ансамблите, ќе ги оценува жири комисија во состав- Блаже Палчевски -етнолог, Тофе Дракилевски- фолклорист -кореограф, д-р. Родна Величковска -етномузиколог, д-р. Александар Димитријевски -етномузиколог.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со втората фестивалска вечер на која ќе настапат повеќе културно уметнички друштва од земјава и странство.