Започна конститутивната седница на Советот на Општина Битола

0
3790

Во 11 часот започна конститутивната седница на Советот на Општина Битола.

Со неа претседава најстариот од редот на новоизбраните советници Веселин Талевски.

Избраната верификациона комисија треба да ги верифицира мандатите на членовите на советот, потоа следи избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, па избор на претседател на Советот и носење на решение за депонирање потпис на овластено лице на жиро сметките на општина Битола.

На конститутивната седнициа присуствуваат сите советници, а присустна е и градоначалничката Наташа Петровска.

Мнозинството во советот го има коалицијата на СДСМ со 17 советници, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со 11, два советника од независната листа Поинаку и еден советник од албанската коалиција на ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците.