Започна Малиот битолски Монмартр

0
1137

Синоќа во Битола свечено беше отворен годинашниот Мал битолски Монмарт.

Со традиционалниотогномет и врачување на наградите за најдобрите ликовни творби кои беа претставени на светска изложба, почна ликовната колонија во Битола.

13288227_10154883519224942_758223973_o

Учесниците денеска почнаа со сликање на различни локации низ градот.

13271661_10154883519339942_1009048348_o

„ Патрониот празник го славиме со неколку јубилеи – 35 години „Мал битолски Монмартр“, 60 години лична педагошка дејност и 81 години живот, исполнет со голема посветеност кон децата од светот. Младите ликовни таленти утрово почнаа да сликаат пред Градскиот часовник, Старата битолска чаршија и на Широк Сокак и веќе учествуваат во првата новина на годинешната колонија, а тоа е избор на најдобриот поединец на денот кој ќе го избираат самите учесници. Во рамките на програмките новости е и наградата најдобар ликовен педагог која ќе ја доделиме на крајот од колонијата, посочи Хаџиантоновски.

13288639_10154883519594942_987457127_o

Учесниците од  Европа, Азија и Африка три денови ќе сликаат во Битола, на 27 мај ликовниот караван ќе престојува во Крушево, а на 28 мај во Охрид. На 29 мај ќе се одржи ликовниот хепенинг „Рио 2016“ кога учесниците ќе сликаат на тема „Олимпијадата во очите на децата“, а најдобрите ликовни творби ќе бидат претставени на изложба во олимпиското село во Рио де Жанеиро.

13277995_10154883520979942_907004773_n

13282365_10154883520189942_1722284378_o

фото: Игор Војновски