Започна расчистувањето на Идомени

0
821

Грчките власти денеска во 6 часот по локално време започнаа со расчистување на бегалскиот камп Идомени пред границата со Македонија. Евакуацијата на „дивиот“ камп во кој сѐ уште престојуваат околу 8.400 бегалци и мигранти се одвива мирно и полека, а безбедносните сили досега не мораа да применат насилство, соопшти портпаролот на штабот за бегалската криза на грчката влада, Јоргос Кирјацис. „Веќе беа размонтирани првите шатори. Сѐ се одвива според планот“, истакна Кирјацис за германската новинска агенција ДПА. Мигрантите и бегалците ги собираат своите лични работи и се качуваат во автобусите со кои треба да бидат одвезени во организираните сместувалишта во Грција. Првите автобуси веќе го напуштија Идомени.