Започна сезоната на летни гуми

0
463

На 15 март заврши рокот за задолжително носење на зимска опрема во автомобилите или на поседување на соодветени гуми, така што возачите ќе треба да се префрлат на пневматици адаптирани кон потоплите временски услови.  Меѓутоа, сезонското менување на гуми не е и не треба да биде само заради задоволување на некаква законска или друга правна рамка. Туку, затоа што гумите за возилата имаат свој животен век, во зависност од тоа дали се употребуваат правилно и во која сезона.


– Летните гуми се најекономични, да се користат во лето сет летни а во зима сет зимски е најбезбедно, вели Славе Гичевски од Пнеуматик

Летните гуми се посебно конструирани и дизејнирани за во летни услови тоа значи дека се составени од посебен матријал кој му дава поголема цврстина , бидејќи во лето брзината е поголема , конструкцијата на летната гума е поинаква во поглед на дизејнот и шарата , затоа што треба да има поголеми канали при поголема брзина , за да се испрасскува водата, и помал број на ламели што значи летната гума има помала допирна површина со коловозот, изјави Славе Гичевски Пнеуматик-Битола

Во суштина, ако возите зимска гума во лето, не само што постои голема веројатност дека ќе ја уништите и дека ќе мора да купите нова за во зима, туку и дека ќе платите и многу повеќе за гориво отколку кога возите соодветен пневматик во соодветна сезона.

– Со летните гуми се намалува патот на кочење во споредба со зимските гуми, а тоа е многу важно за безбедност во сообрајќајот, некогаш и милиметрите се важни во тој поглед, а треба да напоменам за притисокот на гумите кој е многу важна категорија, ако притисокот на гумите е соодветен управувањето е многу полесно и потрошувачката на гумата е помала, затоа што гумата не налегнува не стружи и е сосема поекономична, изјави Славе Гичевски Пнеуматик-Битола

Конечно, и безбедноста при возењето во најголем дел зависи од изборот и од правилната употреба на гумите во зависност од сезоната, затоа што гумите се единствениот контакт помеѓу вас, односно вашето возило и патот.
Казните за не-поседување на зимска опрема изнесуваат 45 евра, односно регистрирање на 25 негативни поени.