Започна со работа олимпискиот базен Император

0
174

Викендов официјално стартуваше почетокот на летната сезона на Олимпискиот базен Император во Битола. Оваа година нудат повеќе новини, реновиран базен, кафе бар и нов терен за одбојка.

Сите посетители покрај уживањето во малиот и големиот базен, на располагање имаат и терени за рекреација. Новитет на Олимпискиот базен е теренот за одбојка на песок.

За безбедноста на посетителите во Олимпискиот базен „Император” се грижи тим од 10 обучени спасувачи, како и професори по физичка култура.

IMPERATOR_1.jpg

Во рамките на Олимпискиот базен „Император” работи и летниот бар „Сонце, љубов, насмевки” , кој на посетителите ќе им понуди различна програма во текот на летниот период.

Во текот на денот, овде посетителите ќе уживаат во најразличните коктели а вечерните часови се резервирани за одлична забава со најразлични диџеи и бендови.

IMPERATOR3.jpg

Исто така за децата почетници кои сакаат да се усовршат и надградат во пливање секое утро и попладне има школи за пливање.

Олимпискиот базен „Император” ќе работи секој ден од 10 до 18 часот а за посетителите има и сезонски карти за период од три месеци по ексклузивни цени.