Започна со работа Олимпискиот базен во Битола

0
6489

Започна летната сезона за битолчани, денес официјално Олимпискиот базен „Император“ стартуваше со работа. Сите посетители покрај уживањето во малиот и големиот базен, на располагање имаат и терени за рекреација. Новитет на Олимпискиот базен е теренот за одбојка на песок.

-Денес официјално започна со работа Олимпискиот базен. Покрај прекрасната вода располагаме и со терени за мал фудбал, кошарка, и одбојка.За безбедноста на капачите се грижат 6 мина професори по физичко воспитување кои што се и лиценцирани спасувачи. Очекуваме голема посетеност и се надеваме дека сите битолчани ќе не посетат и ќе уживаат  – изјави Саше Вељановски, спасувач на Олимписки базен Император

Во склоп на Олимпискиот базен „Император“ работи и летниот бар „Сонце, љубов, насмевки“ кој на посетителите ќе им понуди различна програма во текот на летниот период.

Од кафе барот „Сонце, љубов, насмевки“ велат дека започнуваат со работа во 10 часот, за посетителите нудат најразлични журки, како преку денот така и во вечерните часови, а на сите посетители им ги препорачуваат да ги пробаат и најразличните коктели.

За децата почетници кои сакаат да се усовршат и наградат во пливање има школи за пливање, додава Саше Вељановски, спасувач на Олимписки базен Император

Олимпискиот базен „Император“ ќе работи секој ден од 10 до 18 часот а цената на влезниците изнесува 100 денари. За посетителите има и сезонски карти за период од три месеци по ексклузивни цени.