Започна светското во ракомет, Македонија игра утре

0
689

Вечерва свечено беше отворен 25-тиот ракометниот мундијал.

Македонските ракометари во Мец утре ќе го играат првиот натпревар од Б групата на Светското првенство во Франција.

Првиот меч кој може да биде и клучен за пласман во нокаут фазата, го играме на 12. јануари, четврток против селекцијата на Тунис, потоа следува аутсајдерот Ангола, па доаѓаат посилните предизвици, Словенија, Шпанија и Исланд.

Распоредот на натпревари на Македонија на СП во Франција:

12.01. 17:45 – Македонија – Тунис

14.01. 20:45 – Македонија – Ангола

16.01. 17:45 – Македонија – Словенија

18.01. 20:45 – Македонија – Шпанија

19.01. 17:45 – Македонија – Исланд

Четирите првопласирани селекции продолжуваат во нокаут фазата каде во осминафиналето ќе вкрстат со најдобрите четири од групата А во која се Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија.

Главни ѕвезди на мундијалот се Карабатиќ, Омејер, Хансен и Лазаров, а од нив се очекува да го оправдаат мотото на Светското првенство кое гласи: „феноменален ракомет“.