Започна третото издание на Шекспир фестивалот

0
300

Со читањето на сонетот број 29 од Шекспир, од страна на актерите Пројчевски и гостинот од Калифорнија-Хауер, официјално беше отворено третото издание на Шекспир фестивалот во Битола.

Народниот театар од Битола, од 22- ри до 28- ми јули, по трет пат е домаќин и организатор на интернационалниот Битола Шекспир фестивал, проект поддржан од министерството за култура и општина Битола.

Овогодинешното издание го отвори битолскиот театар со премиерата на Антоние и Клеопатра во режија на Џон Блондејл.

Ова дело, Шекспир го напишал во 1606 та година како последна од низата на 4 неверојатни трагедии кои претходеа и тоа Отело, Кралот Лир и Магбет.

Многумина а тука, спаѓа и самиот режсиер, ја сметаат као најтешка драма но истовремено и како највозвишено уметничко достигнување на Шекспир.

Главните улоги ги играат Петар Горко и Валентина Грамосли .

Останатата актерска екипа ја сочинуваат-Петар Спировски, Соња Михајлова, Борче Ѓаковски, Елена Моше, Викторија Степановска, Марјан Ѓоргиевски.

Отварањето на третото издание на фестивалот го проследија многубројни гости од Македонија но и надвор од неа, театарски работници, публицисти, театарски критичари.

На овогодинешното издание на Шекспир фестивалот, гостуваат реномирани театри кои го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир.

Освен богатата и квалитена понуда, оваа година фестивалот ќе биде збогатен со театарска работилница посветена на иднината на овој фестивал.

Фестивалот во Битола, наскоро ќе воспостави соработка и со други театарски центри во Европа, покрај веќе воспоставените соработки, кои го негуваат ликот и делото на Вилијам Шекспир.

Без коментари

LEAVE A REPLY